Корисничко име Лозинка Пријави се
19.11.2014

Страхан: Англичаните беа фантастични

Гордон Страхан, селекторот на Шкотска, ја пофали играта на Англичаните по поразот на неговиот тим од 3-1 во Глазгов.

Англичаните со головите на Алекс Окслејд-Чемберлен и двократниот стрелец Вејн Руни беа поубедливи во првата победа на „Хемпден парк“ од 1985 година.
„Ова е нивен најдобар натпревар по долго време. Интензитетот на англиските играчи, посебно движењето без топката, беше фантастичен. Тоа, на некој начин, ги исплаши моите играчи. Тие се тим полн со играчи од Лигата на шампионите, и тоа го покажаа. Беа фантастични“, изјави Страхан.
Што се однесува до играта на неговиот тим, Страхан изјави дека биле исцрпени по натпреварот со Ирска.
„Разочарани сме од нашата игра, но победата над Ирска во петокот беше приоритет. Бевме ментално истрошени, на тоа мораме да посветиме внимание. Проблем беше и губењето на топката под притисок“, изјави Страхан.
Од друга страна, Рој Хоџсон е воодушевен од серијата на Англија, која ги доби сите шест натпревари по катастрофата на Светското првенство.
„Ги покажавме нашите намери од стартот на средбата, добро го отворивме натпреварот, не можам да се сетам на многу моменти кога губевме контрола. Некои напади беа посебно добри“, изјави селекторот на „гордон Албион“.
Хоџсон посебно го пофали капитенот Вејн Руни, кој беше двократен стрелец, па сега има 46 голови на 101 настап за Англија. Само два повеќе има Гери Линекер, а три Боби Чарлтон, единствениот поефикасен репрезентативец од него.
„Мислам дека рекордите се важни, за него ќе биде одлично да размислува за продолжување на ваквите игри за да го види своето име на врвот на оваа листа. Ако сака да го оствари тоа, мора да ја одржува формата и да игра вака уште неколку години“, изјави Хоџсон.

Најнови вести