Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2015

Озил повреден пред квалификациите

Германскиот репрезентативец Месут Озил закрепнува од повредата на коленото, но би требало да биде подготвен за претстојните натпревари против Полска и Шкотска.

Германија во петок, од 20.45 часот, во Франкфурт ќе игра против Полска, а три дена подоцна во исто време на „Хемпден парк“ во Глазгов против Шкотска.
„Месут има проблеми со коленото. Се работи за мало воспаление. Од вчера не тренира со екипата. Денес самостојно ќе тренира и ќе видиме како ќе се чувствува до натпреварот. Сè уште немаме прогноза, но имаме најдобар лекарски тим и уверен сум дека ќе го подготват за претстојните натпревари“, изјави Томас Шнајдер, помошник на селекторот на Германија, Јоахим Лев.
Во квалификациската група Д, по шест одиграни натпревари, Германија е втора на табелата со 13 бодови и има еден бод помалку од Полска. Шкотска е трета со 11, Република Ирска има девет, Грузија три, а Гибралтар е без бодови.

Најнови вести