Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
06.10.2017

Германците и Англичаните обезбедија пласман на СП

Репрезентациите на Англија и на Германија со победите во нивните квалификациски групи, Ф и Ц, обезбедија пласман на Светското првенство во Русија.

Англичаните во последните моменти ја победија Словенија со 1-0, а Германците беа поубедливи против Северна Ирска со 3-1.
Момчето кое во текот на септември ги полнеше мрежите во Премиер лигата, овој пат погоди и за „гордиот Албион“ во победата над Словенците.
Центарфорот Хари Кејн им донесе победа на Англичаните во 94-тата минута, откако го искористи одличниот центаршут на Кајл Волкер.
Словенија со поразот останува на 14 бодови, а тоа го искористи Шкотска, која со победата над Словачка успеа да ги прескокне и Словенија и Словачка и сега се наоѓа на второто место зад Англија со 17 бодови. Единствениот гол за Шкотите го постигна Мартин Шкртел. Словачка по поразот има 15 бодови.
Во останатите натпревари од групата Ф, Малта и Литванија ремизираа 1-1, па Малта успеа да дојде и до првиот бод во овие квалификации и до третиот гол во девет натпревари. Литванија има шест бода и се наоѓа на претпоследното место пред последноласираната Малта.
Германците ништо не препуштаа на случајноста во дербито на врвот на табелата Ц. Беа поубедливи против Северна Ирска и победија со 3-1. Првиот погодок го постигна Себастијан Руди. Во 21-вата минута од средбата Сандро Вагнер погоди од околу дваесетина метри. До 86-тата минута Германците имаа уште неколку шанси, кога Џошуа Кимих погоди за 3-0. Нивните противници во продолжението на времето успеаја само да го ублажат поразот со голот на Џош Маџенис.
Германија има 27 бодови, а Северна Ирска останува на 19. Германија во последното коло ќе игра против Азербејџан, а Северна Ирска против Норвешка.
Норвешка дури со 8-0 го победи Сан Марино. Норвежаните по овој триумф се четврти со десет бода и немаат шанси ниту за бараж. Сан Марино е последен без бодови. 
Чешка лошите квалификации ги ублажи со победата од 2-1 над Азербејџан и сега со 12 бода се наоѓа на третото место во групата Ц.
Во групата Е, Црна Гора беше поразена со 1-0 од Данска. Единствениот гол за Данците го постигна Ериксен во 16-тата минута.
Полска славеше дури со 6-2 против Ерменија и покрај хет-трикот на Роберт Левандовски, стрелци за Полска беа Горски (во втората минута), Блашчиковски (58-мата) и Волски (во 89-тата минута).
Романија го победи Казахстан со 3-1. Двата гола за Романија во првото полувреме ги даде Будески (во 33-тата и во 38-мата минута), а третиот Кесерес (во 73-тата). Конечниот резултат на натпреварот на натпреварот го постави Турисбек во 82-рата минута.
Полска е прва во групата Е со 22 бода и треба да освои уште еден бод во последното коло за дефинитивно да може да замине во Русија. Данска е втора со 16 бодови, а потоа следуваат Романија, Ерменија и Казахстан со 12, 6 и 2 бода.

Најнови вести