Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2016

Минимална победа на Италија, Португалија поубедлива

Фудбалерите на Италија и Португалија остварија победа во тест натпреварите пред Европското првенство.

Италијанците со голот на Грацијано Пеле во второто полувреме ја совладаа репрезентацијата на Шкотска со минимален резултат на Малта. 
Португалците без Кристијано Роналдо убедливо ја совладаа репрезентацијата на Норвешка со 3-0 во Порто, со фантастичните погодоци на Рикардо Кварежма и Рафаел Гереиро, а погоди и Едер.
Со минимален резултат славеше и Турција, која со голот на Мехмет Топал во 94-тата минута ја победи репрезентацијата на Црна Гора во Анталија.
Спектакуларен натпревар беше виден во Торино, Украина ја совлада Романија со 4-3.
Романците поведоа преку Торје, ривалот ја започна серијата на голови со Зозулија, Зинченко, Конопљанка, Јермоленко, а во финишот сепак Романците преку Алибак и Санчу успеаја да го ублажат поразот.
На другиот крај на светот победа остварија Колумбија и Бразил. Колумбија ги надигра Хаити со 3-1, додека пак Бразил ја победи Панама со 2-0.

 

Најнови вести