Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
13.10.2017

Страхан веќе не е селектор на Шкотска, кандидат е Мојс

Дејвид Мојс, поранешниот тренер на фудбалерите на Манчестер јунајтед, е заинтересиран да стане селектор на Шкотска, пренесе „Скај“.

Како што се наведува, 54-годишниот шкотски тренер сака да преговара со челниците на Фудбалскиот сојуз околу работата на селекторот.
Шкотскиот сојуз договорно ја раскина соработката со досегашниот селектор Гордон Страхан откако екипата не успеа да се пласира во баражот за Светското првенство 2018 година. Тоа е трет пат последователно репрезентацијата на Шкотска да не успее да се пласира на големиот турнир.
Мојс е без работа откако летоска си замина од Сандерленд, по испаѓањето на клубот во втората англиска лига – Шампионат лигата.
Тој тренерската кариера ја почна во Престон, го тренираше Евертон, а во 2013 година на клупата на Манчестер јунајтед го наследи Алекс Фергусон.
Мојс тогаш потпиша шестгодишен договор, но беше отпуштен по 11 месеци поради лошите резултати. Потоа го презеде Реал Сосиедад, од каде што беше отпуштен по една година,па премина во Сандерленд, кого не успеа да го сочува во Премиер лигата.

Најнови вести