Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2015

Мојс го враќа Илјараменди на „Аноета“

Шпанскиот играч за врска Асиер Илјараменди би можело да се врати во Реал Сосиедад.

Најскапото шпанско засилување во историјата на Реал Мадрид не е во плановите на Рафаел Бенитес, а тоа се обидува да го искористи Дејвид Мојс.
Двата клуба, наводно, вчера преговарале неколку часа и начелно договориле трансфер вреден 15 милиони евра.
Реал Сосиедад веднаш би платил 10-12 милиони, а остатокот во зависност од бројот на натпреварите кои ќе ги одигра Илјараменди до крајот на сезоната.
Момчето кое пред две години беше платено 32 милиони евра, би можело да не се врати на „Аноета“ единствено ако Реал добие подобра понуда од некој европски клуб, а претходно интерес покажуваа Јувентус и Ливерпул.
Се шпекулира дека Илјараменди, исто така, ќе ја задржи платата од 2,5 милиони евра годишно.

Најнови вести