Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2013

Марсеј се извини поради навредите од Бартон

Џои Бартон, фудбалерот на Марсеј, повторно ги навредуваше Бразилците на „Твитер“, овој пат на ред дојде Тијаго Силва од ПСЖ, кого Бартон го нарече „предебел трансвестит“.

Бартон тоа го напиша на својот профил на „Твитер“ во вторникот, а продолжи да го навредува Силва и наредниот ден. Реакцијата на парискиот клуб беше жестока, па клубот на Бартон мораше да се извинува.
„Се извинуваме поради неговите непримерни изјави. Побаравме од Бартон да престане со нападите на играчите на ПСЖ. Бартон нè увери дека ќе го направи тоа“, се наведува во соопштението на парискиот клуб.
Претходно оваа седмица Силва изјави дека Бартон сака да ги навредува најпознатите светски фудбалери за да биде секогаш во центарот на вниманието.
Клубот од Париз испрати остро соопштение:
„Коментарите на Бартон се неприфатливи, посериозни се и преминуваат класична вербална напомена. Директорите, стручниот штаб и соиграчите во целост го поддржуваат Тијаго Силва и не можат да прифатат вакво однесување. Нашиот клуб ги почитува вредностите кои се основа на овој спорт. Тијаго Силва и ПСЖ го задржуваат правото да преземат соодветни мерки“
Медиумите, исто така беа шокирани.
„Тоа ли е тој англиски фудбал?“, се прашуваше „Л’Екип“.

Најнови вести