Корисничко име Лозинка Пријави се
04.12.2012

Хартс на рати ќе го враќа долгот

Шкотскиот фудбалски клуб Хартс се договори со надлежните институции на Глазгов во наредните три години на рати да го отплаќа даночниот долг од 1,5 милиони фунти.

Клубот од Единбург вчера веќе им плати 450.000 фунти на даночните власти и така го избегна одењето во стечај.

Поради слични проблеми со долгови за данок, најтрофејниот шкотски клуб Глазгов ренџерс на крајот на минатата година е исфрлен во четвртата лига.

Доминантен сопственик на Хартс е бизнисменот Владимир Романов, кој последните две години често земаше играчи на заем од Каунас од Литванија, земјата во која е роден.

Како што се наведува на интернет-страницата на Хартс, клубот даночниот долг ќе почне да го исплаќа во мај следната година. Хартс вкупно има долгови од 24 милиони фунти, а екипата моментно се наоѓа на деветтото место во шкотската премиер лига, во која се натпреваруваат 12 екипи.

Најнови вести