Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2013

Мекгрегор потпиша за Хал

Новиот премиерлигаш Хал го ангажира шкотскиот репрезентативен голман Ален Мекгрегор, досегашниот член на Бешикташ.

Триесет и едногодишниот поранешен голман на Ренџерс потпиша тригодишен договор за Хал, кој од август повторно игра во Премиер лигата.
„Среќен сум што сум овде и едвај чекам да почне сезоната“, изјави Мекгрегор.
Мекгрегор 11 години беше член на Глазгов ренџерс, за кого одигра 278 натпревари, освои три шампионски титули, четири пати Купот на Шкотска и пет пати Лига купот. Во неговите млади денови беше на заем во Сент Џонстон и Данфермлин, а најтрофејниот шкотски клуб го напушти кога беше исфрлен од Премиер лигата во четвртата шкотска лига, во пролетта 2012 година.
Минатата сезона ја помина во Бешикташ, со кого го освои третото место во турската Суперлига.
За Шкотска досега одигра 29 натпревари.

Најнови вести