Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2013

Бекам потпиша за ПСЖ

Легендарниот 37-годишен англиски фудбалер Дејвид Бекам ги помина лекарските прегледи во Париз и потпиша договор со ПСЖ.

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед стана последното јануарско засилување на водечката екипа во француското првенство, откако успешно ги заврши прегледите во парискиот клуб.
„Дејвид Бекам е на пат кон Париз каде што мора да одработи некои формалности пред потписот за ПСЖ“, напиша на својот профил на „Твитер“новинарот на „Би-Би-Си Спорт“, Бен Смит.
 ПСЖ вечерва свика конференција за новинарите на која го претстави своето последно засилување во овој преоден рок.
На потенцијалното доаѓање на Бекам во ПСЖ се радува и другиот Англичанец во Франција, Џои Бартон, актуелен член на Марсеј, третопласираната екипа на првенствената табела.
„Навистина се надевам дека Бекам ќе заврши во ПСЖ. Тогаш двата натпревари против ПСЖ во февруари ќе бидат вистинско доживување“, изјави Бартон.

Најнови вести