Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2013

Лоик Реми на чекор од Њукасл

Винсан Лабрин, претседателот на францускиот фудбалски клуб Марсеј, на медиумите им откри дека е постигнат договор со Њукасл околу висината на оштетата за напаѓачот Лоик Реми.

Њукасл откако го продаде Демба Ба во Челзи, тргна да бара потенцијален наследник, а него менаџерот Алан Пердју го гледа во 26-годишниот Лоик Реми. Французинот не настапи во вчерашниот натпревар на француското првенство бидејќи беше во Англија на преговори со клубот од Тајнсајд.
„Постигнавме договор со Њукасл, вистина е. На Лоик му дадовме зелено светло да замине на преговори и го чекаме конечниот исход“, рече претседателот Лабрин.
Кога дозна дека Реми замина на преговори со Њукасл, Џои Бартон, поранешниот играч на „чавките“, испрати саркастична порака преку својот профил на „Твитер“:
 „На Лоик му посакувам среќа на преговорите“.
Бартон на грд начин се раздели со Њукасл, а потоа со Квинс парк ренџерс, а сега „блеска“ во францускиот шампионат во дресот на Марсеј (7 натпревари, без голови, два жолти картони).

Најнови вести