Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2013

Џои Бартон доби дозвола да игра, но ако не навредува преку „Твитер“

Џои Бартон, играчот за врска на Олимпик од Марсеј, ќе може да игра до крајот на сезоната бидејќи Фудбалскиот сојуз на Франција го казни условно со суспензија на два натпревари за навреда на Тијаго Силва од ПСЖ.

Англискиот репрезентативец мораше да оди на второ сослушување пред етичката комисија на Францускиот фудбалски сојуз бидејќи го нарече Силва „дебела машкуданка“ во серијата напади на „Твитер“ минатиот месец, со кои престана кога клубот му нареди да го направи тоа, а потоа му се извини на дефанзивниот играч на ПСЖ.
Бартон не беше на последното сослушување, туку таму беше застапуван од страна на адвокатите.
Суспензијата ќе стапи на сила ако 30-годишниот играч за врска повторно почне на „Твитер“ да користи грди зборови.
Бартон ќе може да игра во преостанатите три натпревари оваа сезона. Марсеј и понатаму има мали шанси да ја освои титулата, бидејќи заостанува со седум бодови зад ПСЖ.
Адвокатите на Бартон на сослушувањето докажуваа дека нивниот клиент не е хомофоб и дека минатата година зборуваше во корист на геј фудбалерите во телевизискиот документарец на Би-Би-Си.

Најнови вести