Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2011

Валенсија четири месеци без Мадуро

Хедвигес Мадуро, дефанзивниот играч на Валенсија, ќе паузира четири месеци поради повредата на зглобот што ја заработи додека беше со репрезентацијата на Холандија.

Овој дваесет и шестгодишен играч поради тоа, најверојатно, ќе го пропушти останатиот дел од натпреварувањата во Лигата на шампионите за својот клуб, односно натпреварите против Челзи, Генк и Баер Леверкузен. Шпанскиот тим се наоѓа на третата позиција во групата Е.

„Повредата е доста комплицирана поради што и периодот на рехабилитација ќе трае нешто подолго отколку што очекувавме“, рече Холанѓанецот.

Мадуро не настапи ниту на еден од двата натпревари за Холандија коишто оваа селекција ги одигра во квалификациите за Европското првенство во 2012 година.

Валенсија се наоѓа на петтото место во шпанскиот шампионат. Во сабота ќе гостува кај Мајорка, а во среда во Леверкузен.

Најнови вести