Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2015

Ливерпул: Шкртел ќе паузира шест седмици

Одбранбениот фудбалер на Ливерпул Мартин Шкртел ќе паузира најмалку шест седмици поради повреда на задната ложа.

Словачкиот репрезентативец се повреди на натпреварот против Ватфорд (3-0). Шкртел се обиде да остане на теренот, меѓутоа во 41-та минута мораше да му го отстапи местото на Ориги.
„Напорно ќе работам и ќе сторам сè за да се вратам што е можно порано“, напиша Шкртел на „Инстаграм“.
Триесетгодишниот Словак оваа сезона одигра 17 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол. Шкртел во Ливерпул дојде во 2008 година од рускиот Зенит, а кариерата ја започна во Тренчин.
Добрата вест за менаџерот Јирген Клоп е дека наскоро на теренот ќе се врати Хрватот Дејан Ловрен.

Најнови вести