Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2015

Фенербахче ќе го продаде Ван Перси на Барселона

Турскиот вицешампион Фенербахче е подготвен да го продаде својот напаѓач Робин ван Перси за кој сериозно е заинтересирана Барселона.

Според англиските медиуми, трансферот на триесет и двегодишниот Холанѓанец ќе биде комплетиран за три милиони евра. Ова е двојно помалку од сумата која турскиот клуб летоска му ја плати на Манчестер јунајтед.
Сезонава Ван Перси постигна три гола на седум натпревари, но познато е дека во заладени односи со тренерот на истанбулскиот клуб Витор Переира.
Фенербахче во моментов е третопласиран во турската Суперлига, а утре му гостува на Кајзериспор.

Најнови вести