Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2015

Вардар по трет пат го победи Рајн Некар

Серијата на победи на Вардар во Лигата на шампионите продолжува и „црвено-црните“ се единствениот тим во групата Б со максимален учинок откако го победија германскиот Рајн Некар со 25-19.

Ова е трет триумф на македонскиот шампион против Рајн Некар, кој лани два пати капитулираше пред налетите на Вардар во Лигата на шампионите.
Нашите ракометари имаат максимални осум бодови од четири одиграни натпревари во Лигата на шампионите, поставувајќи нов клупски рекорд од пет победи по ред во Лигата на шампионите, а вкупно 25-та победа во Лигата на шампионите.
Клучни за победата против Рајн Некар беа последните 20 минути од натпреварот, агостите од 52-рата до 58-мата минута не успеаја да постигнат гол при резултат 19-18.
Првиот дел помина во постојано водство на Вардарци, кое најмногу изнесуваше до три гола разлика (8-5), во 15-тата минута.
Она што повеќе ќе го загрижува Вардар е тежината на повредата на Александар Деревен на самиот старт на натпреварот, кој во еден напад беше грубо оттурнат и во падот го повреди коленото.
Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите, Металург, несреќно беше поразен во финишот на натпреварот против Скјерн со 20-19 и е на третата позиција во групата Д.

Најнови вести