01.8.2015 Ламберт прејде во Вест Бромич
Ливерпул почна со продажба на фудбалери откако летово ангажираше седум нови имиња. По Рахим Стерлинг, клубот го напушти и Рики Ламберт.
Ламберт е нов фудбалер на Вест Бромич, потврдено е на официјалните сајтови на двата клуба.
Напаѓачот кариерата ја почна во младинските категории на Ливерпул, но долго чекаше на враќањето дома. Најдобриот дел од кариерата ја помина во Саутхемптон за кого постигна 106 голови во лигашките натпревари со што стигна до легендарен статус во клубот, а за репрезентацијата на Англија има 11 настапи.
Минатата сезона не се снајде најдобро во екипата на Брендан Роџерс по што се одлучи повторно да го напушти клубот и да ја продолжи кариерата во Вест Бромич.
На своето деби за својот нов клуб Ламберт постигна два гола на пријателскиот натпревар против Бристол роверс.
Покрај него, Ливерпул најверојатно ќе го напуштат уште и Фабио Борини, Марио Балотели и Хозе Енрике.