22.9.2011 Рангник повеќе не е тренер на Шалке
Ралф Рангник повеќе не е тренер на бундеслигашот Шалке. Оваа информација беше објавена на официјалната интернет-страницата на клубот, наведувајќи дека причината за прекинувањето на соработката била влошената здравствена состојба на педесет и тригодишниот стратег.
„Рангник поради синдромот на исцрпеност не е во можност да ја извршува
својата должност и мора да одмара за да собере енергија и сила“, изјавија од
Шалке, моментно деветтопласиран на табелата во германскиот шампионат.
Рангник клупата на тимот од Гелзенкирхен ја презеде во март, наследувајќи
го Феликс Магат и носејќи го тимот до полуфиналето во Лигата на шампионите. Ова
за него беше вторпат како седи на клупата на Шалке, првиот пат тоа беше во
сезоната 2004/05.
Привремено должноста прв тренер ќе ја извршува неговиот помошник Сепо
Еикхорн.