Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2015

Маринакис жестоко ги казнил играчите на Олимпијакос

Евангелос Маринакис, претседателот на Олимпијакос, ја казни екипата со 500.000 евра поради разочарувачките резултати во последно време и истовремено апелираше фудбалерите да покажат многу повеќе пожртвуваност во продолжението на сезоната, во која бара да ја освојат двојната круна.

Шампионот на Грција во претходните десетина дена беше елиминиран во Лигата на Европа од Днипро, беше поразен од најголемиот ривал Панатинаикос, а одигра само нерешено со второлигашот АЕК во првиот натпревар од четврт-финалето на Купот. Таквиот резултат е неприфатлив за клуб со такво реноме, изјави Маринакис.
„Олимпијакос е најголемиот клуб во Грција и за секого од вас би требало да биде чест што играте за овој тим. Морате да го почитувате и да го цените Олимпијакос“, им порачал Маринакис на играчите.
„Секој кој има проблем или не му се допаѓа овде мора да има храброст да го каже тоа и да си оди. Ова важи за сите. Сè додека играте за Олимпијакос, ќе го давате својот максимум и ќе се жртвувате за дресот. Ќе ги освоите Лигата и Купот! Не размислувам за ништо друго. Тоа добро запаметете го и однесувајте се соодветно на тоа “, додаде Маринакис.

Најнови вести