24.12.2014 Пулис ќе го преземе Брајтон?
Само по еден ден откако Сами Хипија ја напушти клупата на „галебите“, изгледа е пронајден неговиот наследник.
Според пишувањата на популарната интернет-страница soccerway.com, Тони Пулис веројатно ќе го наследи финскиот стручњак како шеф на стручниот штаб на тимот кој моментно се наоѓа на 22-рото место во Шампионат лигата.
„Ќе видиме, ме повикаа, понудата е солидна, имаат добра основа“, изјави Пулис.
Пулис беше долгогодишен менаџер на Стоук, а минатата сезона го спаси Кристал палас од испаѓање. Познат е и по тоа што е еден од последните менаџери кои го практикуваат островскиот стил на фудбалот, со долги топки и многу цврсти стартови.