22.11.2011 Пулис казнет со десет илјади фунти
Англиската фудбалска федерација (ФА) го казни Тони Пулис, менаџерот на Стоук, со 10.000 фунти бидејќи ги критикуваше судиите по натпреварот со Ливерпул.
Овој натпревар се одигра минатиот месец, а беше дел од англискиот Лига куп,
каде што Стоук беше поразен со 2-1.
Пулис излезе пред новинарите и демантираше дека го сторил тоа, но ФА
соопшти дека ова ќе биде само предупредување за тоа како би требало да се
однесува еден тренер.