13.6.2012 Хут уште три сезони во Стоук
Роберт Хут, централниот дефанзивен играч на Стоук, го продолжи договорот со клубот на уште три сезони, стоеше на официјалната интернет-страница на премиерлигашот.
Германецот на стадионот „Британија “ стигна од Мидлсборо за клупски рекорд од 6 милиони фунти и стана една од централните фигури во тимот предводен од стратегот Тони Пулис.
„Среќен сум што сето ова го решивме пред почетокот на новата сезона. Морам да кажам дека поминав прекрасно време тука, најдобрите три години во животот. Уште позадоволен ме прави податокот дека одиграв голема улога во напредокот на клубот во овој период. Едвај го чекам стартот на новата сезона во дресот на Стоук“, изјави Хут за англиските медиуми.