Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2014

Втора победа на Македонија во квалификациите за ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа втората победа во квалификациите за Европскиот шампионат.

Иако целта е остварена, до победата од 81-75 на гостувањето во Данска нашите репрезентативци стигнаа потешко од очекувањата.
Данска само еднаш беше во водство и двапати го изедначи резултатот, но македонските кошаркари не беа убедливи и до крајот победата висеше во воздух.
Домаќинот беше одличен во скок играта и имаше 13 офанзивни скокови, седум повеќе од нашата репрезентација и тоа имаше голема улога во резултатската неизвесност до самиот крај.
На крајот репрезентацијата предводена од Александар Џикиќ заслужено дојде до втората победа европските  квалификациите.
Дарко Соколов беше најефикасен во нашиот состав со 14 поени, Војдан Стојановски и Марко Симоновски постигнаа по 12 поени.
По натпреварот во Данска, Македонија продолжува со турнејата на гостински терен и во недела игра против Белорусија која во првото коло со 25 поени разлика ја победи Данска.

Најнови вести