Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2014

Уругвај без Лугано против Англија

Диего Лугано, капитенот на Уругвај, ќе го пропушти вториот натпревар на Мундијалот, во кого Уругвајците играат против Англичаните, поради повреда на коленото.

Дефанзивниот играч вчера го напушти тренингот поради силни болки во левото колено, а по снимањето со магнетна резонанца, утврдено е дека проблемот ќе биде решен со хируршка интервенција.
Отсуството на Лугано, кој националниот дрес го носеше 95 пати и постигна пет голови, ќе биде голем хендикеп за екипата на Оскар Табарес, но се очекува дека Луис Суарес ќе биде подготвен за дуелот со Англија.
„Луис заздрави од операцијата, но мораме да сфатиме дека не е истиот фудбалер каков што беше за Ливерпул“, изјави Табарес.
Натпреварот меѓу Уругвај и Англија се игра на арената „Сао Пауло“, а закажан е за 16 часот според локално време, односно 21 часот според средноевропско време.

Најнови вести