15.8.2011 Порто донесе две засилувања од Белгија
Белгискиот весник „Ле Соар“ објави дека португалскиот шампион и победникот во Лигата на Европа, Порто, ги купил двајцата најдобри фудбалери на белгискиот шампион Стандард.
Се работи за
дваесет и тригодишниот фудбалер од средината на теренот, белгискиот
репрезентативец Стивен Дефур и дваесетгодишниот француски централен дефанзивец
Елиаким Мангали.
Двајцата денеска
ќе потпишат петгодишни договори со португалскиот првак кој се засилува за
настапот во Лигата на шампионите. Белгијците за Дефур ќе инкасираат шест, а за
Мангали седум милиони евра оштета, како што пишува белгискиот весник.
Во белгискиот
клуб за денеска е најавена прес-конференција на која и официјално би требало да
биде потврдено комплетирањето на трансферите.