Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2014

Шкртел: Среќен сум што останав

Мартин Шкртел, фудбалерот на Ливерпул, изјави дека минатото лето бил блиску до заминување од „Енфилд роуд“, но дека му е мило што не го напуштил клубот.

Италијанскиот Наполи и рускиот Зенит минатото лето беа заинтересирани за словачкиот фудбалер, но тој сепак одлучи да остане во Ливерпул и да се боди за свое место во тимот.
Тој сега е еден од најважните играчи во екипата на Брендан Роџерс, а постигна четири голови во 23 натпревари оваа сезона, од кои два во првите десет минути во дербито со Арсенал (5-1).
„Би лажел кога би рекол дека не сум размислувам за заминување. Не ми беше лесно минатата сезона, бев на клупата во вториот дел од сезоната, и тоа беше нешто ново за мене. Но, не беше лесно да се напушти клуб каков што е Ливерпул, кој е еден од најдобрите на светот. По шест години, не беше лесно да се рече: ’Во ред, си одам’“, изјави Шкртел.
Шкртел рече дека затоа одлучил да остане на „Енфилд роуд“, да се бори и да работи напорно за да докаже дека може да игра и да биде стартер.
„Работев напорно на секој тренинг и кога добив шанса да играм, се обидов да дадам сè од себе за да му помогнам на тимот. По натпревар каков што беше против Арсенал, среќен сум што останав“, додаде Словакот.
Тој минатиот викенд во победата од 5-1 на својот тим над Арсенал постигна два гола.
„Ливерпул е голем тим и само сакав да им докажам на луѓето дека можам да играм за оваа екипа“, изјави Шкртел.

Најнови вести