Корисничко име Лозинка Пријави се
03.12.2013

Гаридо нов тренер на Бетис

Не беше долго празна тренерската клупа во шпанскиот прволигаш Бетис. Многу брзо откако е сменет Пепе Мел, за нов стратег е именуван 44-годишниот Хуан Карлос Гаридо.

Мел доби отказ бидејќи Бетис оваа сезона во 15-те кола на Примера лигата освои само десет бодови и се наоѓа на последното место. Гаридо потпиша договор со важност до крајот на сезоната и јасно е дека има цел да го задржи клубот од Севилја во првата лига.
Гаридо е роден во Валенсија, а најголема трага како тренер остави во Вилјареал, во кого од 2002 година ја водеше резервната екипа, а во 2010 го презеде и првиот состав. Во сезоната 2010/11 го одведе клубот до четвртото место во Примера лигата и до полуфиналето на Лигата на Европа. Следната сезоната не беше успешна, па доби отказ. Една година подоцна го презеде белгискиот Клуб Бриж, во кого се задржа една сезона.
Гаридо ќе го води Бетис во последното коло на групата И во Лигата на Европа против Риека. Андалузијците веќе го осигурија пласманот во шеснаесетфиналето.

Најнови вести