Корисничко име Лозинка Пријави се
05.11.2013

Двојна фрактура на вилицата на фудбалер на Бетис

Полјакот Дамјен Перкис, 29-годишниот фудбалер на Бетис, доби двојна фрактура на вилицата на средбата од 12-тото коло на шпанската Примера лига.

Бетис гостуваше кај Малага и во продолжението на натпреварот изгуби со 3-2, а на почетокот на второто полувреме несреќниот Полјак имаше жесток старт со соперничкиот играч Олинга.
Во тој судир Перкис доживеа потрес на мозокот, беше во несвест и брзо беше префрлен во болница.
Таму е евидентирана фрактура на вилицата на две места. Полскиот фудбалер моментно е при свест, состојбата се нормализирала, а од клубот од Севилја немаат објавено колку ќе отсуствува Перкис од фудбалскиот терен.

Најнови вести