Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2011

Астон вила и Виган се договорија околу Н’Зогбија

Англискиот премиерлигаш Астон вила и Виган се согласија за оштета во висина од 10,5 милиони евра за францускиот крилен напаѓач Шарл Н’Зогбија.

Откако Виган ја одби првата понуда од десет милиони евра, Вила испрати малку подобра понуда и сега почнаа завршните преговори околу реализацијата на овој трансфер.

Алекс Меклиш, новиот менаџер на Астон вила, одамна има високо мислење за Н’Зогбија, кого минатото лето речиси успеа да го доведе во Бирмингам.

Шкотскиот менаџер сега веројатно ќе го добие играчот што го сакаше тогаш, благодарение на парите што ги доби со продажбата на Ешли Јанг на Манчестер јунајтед и на Стјуарт Даунинг на Ливерпул.

Претседателот на Виган, Дејв Вилан претходно изјави дека нема да го пушти 25-годишниот фудбалер за помалку од 11 милиони евра, но можноста да го изгуби без оштета, бидејќи договорот му истекува за една година, најверојатно го омекна неговиот став.

Претставниците на Астон вила сега ќе преговараат за личните услови за соработка на Н’Зогбија, а доколку помине сè како што треба, вклучувајќи ги и лекарските прегледи, договорот би можело да биде потпишан до крајот на оваа седмица.

Најнови вести