Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2013

Мацари на клупата на Интер

Како и што се очекуваше, нов тренер на Интер е Валтер Мацари, педесет и едногодишниот италијански стручњак кој сезонава со Наполи го освои второто место во Серија А.

Уште додека траеше сезоната италијанските медиуми често пишуваа дека Мацари ќе го замени Андреа Страмачони доколку тој биде заменет. Вчера се појавија шпекулации дека Страмачони е сменет, а подоцна доби и потврда од претседателот на Интер, Масимо Морати, кој за италијанските новинари изјави дека завршила соработката со триесет и седумгодишниот Страмачони.
„Да, Валтер Мацари е нашиот нов тренер. Ќе потпише договор на две години. За жал, се разделуваме со Страмачони“, кажа Морати.
Мацари последните четири сезони работеше доста успешно во Наполи, а пред тоа беше тренер на Ливорно, Реџина и Сампдорија.

Најнови вести