29.1.2013 Емануел Погатец позајмен во Вест хем
Емануел Погатец, одбранбениот фудбалер на германскиот Волфсбург, до крајот на сезоната ќе игра на заем во англискиот премиерлигаш Вест хем.
„Мило ми е што дојдов овде и возбуден сум што имам шанса да заиграм во Вест хем. Верувам дека ќе му помогнам на клубот да направи што подобри резултати“, рече 30-годишниот Погатец за интернет-страницата на клубот од Лондон.
Овој трансфер за него претставува враќање во Премиер лигата, бидејќи од 2005 до 2010 година веќе играше за Мидлсборо.
Погатец е репрезентативец на Австрија, за која досега одигра 52 натпревари и постигна два гола.
Неговиот нов клуб моментно се наоѓа на 12-тото место на табелата на Премиер лигата, со осум бодови повеќе од тимовите коишто се наоѓаат во зоната за испаѓање.