Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2013

Унаи Емери нов тренер на Севилја

Шпанскиот прволигаш Севилја го смени тренерот Мичел и на негово место го постави 41-годишниот Унаи Емери, со кого потпиша договор до крајот на идната сезона.

„Унаи Емери е нашиот нов тренер во следните 18 месеци. На таа должност го наследи Мичел, кој доби отказ поради лошите резултати“, соопшти Севилја на својата интернет-страница.
Емери на новата должност првпат ќе стапи на денешниот тренинг и ќе го одбере кадарот за утрешниот прв четврт-финален натпревар на Кралскиот куп против Сарагоса.
Мичел за тренер на Севилја беше поставен во февруари минатата година. По саботниот пораз од 2-0 кај Валенсија, екипата се наоѓа на 12-тото место на табелата, со 22 бодови од 19 настапи. Во последните седум кола доби само еден натпревар, а изгуби пет и на еден ремизираше.
Унаи Емери оваа сезона го водеше Спартак од Москва, кој во ноември минатата година му врачи отказ поради лоши резултати. Пред тоа четири години беше на кормилото на Валенсија.

Најнови вести