Корисничко име Лозинка Пријави се
25.12.2012

Претседателот на Мајорка поднесе оставка

Жауме Кладера, претседателот на шпанскиот фудбалски клуб Мајорка, поднесе неотповиклива оставка на местото кое го презеде во 2010 година.

„Понекогаш мора да донесете тешка одлука, како што беше мојата. Мислам дека не можев да одберам подобро време од ова. Во текот на својот престој во клубот мислам дека имавме и успеси и неуспеси, но и дека севкупно не беше лошо. На клубот во иднина му посакувам сè најубаво“, рече Кладера на официјалната страница на клубот.
Сега веќе поранешниот претседател клубот го остава на 16-тото место на првенствената табела, само со 16 освоени бодови во 17 натпревари од оваа сезона. Мајорка сè уште е учесник во Кралскиот клуб, но само теоретски, со оглед на тоа дека првиот натпревар, на свој терен, против Севилја го изгуби со 5-0.

Најнови вести