Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2012

Билјалетдинов мора да оди на операција

Динијар Билјалетдинов, 27-годишниот крилен играч на Спартак од Москва, замина за Германија, каде што ќе му биде извршена операција на препоните, потврдија од неговиот клуб.

Повредата го оддалечи од кадарот за пријателската средба против САД, а според руските медиуми, можно е да отсуствува од фудбалскиот терен до три месеци.
Билјалетдинов во Спартак дојде во јануари оваа година од Евертон, а сезонава собра 14 настапи за клубот, од кои десет во руското првенство, каде што постигна два гола и една асистенција.
Спартак по 15 кола во руското првенство го зазема петтото место на табелата, со осум бодови заостанување зад водечкиот градски ривал ЦСКА.

Најнови вести