06.11.2012 Киднапирана сестрата на Хулк
Анжелика Апаресида Виера, сестрата на бразилскиот фудбалер Хулк, е киднапирана во бразилскиот град Кампина Гранде, потврди тамошната полиција.
Сестрата на напаѓачот на Зенит е киднапирана пред ресторанот во кој во понеделник работи како нутриционист. Елио да Силва, сопственикот на ресторанот, на полицијата ѝ кажал дека Анжелика Виера е извлечена од сопственото возило, а потоа однесена во комбето на киднаперите.
Хулк поради повреда не конкурира за натпреварите на рускиот клуб во наредните две седмици, а со оглед на ситуацијата, не би ни можел да игра.
Бразилската полиција сè уште нема откриено дали има траги во истрагата, како ни тоа дали киднаперите се јавиле со свои барања.