Корисничко име Лозинка Пријави се
17.6.2011

Меклиш нов менаџер на Астон Вила

Премиерлигашот го ангажираше шкотскиот стручњак Алекс Меклиш за нов менаџер на местото на Жерар Улие, кој поднесе оставка поради здравствени проблеми.

Меклиш до пред една недела беше на клупата на најголемиот ривал на Астон Вила, Бирмингем, кој испадна од Премиер лигата. Одлуката на управата на Астон Вила наиде на револт кај дел од навивачите на клубот кои протестираа пред стадионот.

„Чест ми е што имам прилика да бидам менаџер на клуб со фантастична историја каква што има Астон Вила. Знам дека некои навивачи се загрижени и ги разбирам нивните причини, но ги уверувам дека ќе го водам клубот на вистинска патека“, изјави Меклиш на претставувањето.

52 годишниот Шкот имаше половичен успех како менаџер на Бирмингем. Иако го освои Лига купот на Англија со победа во финалето над Арсенал, сепак не успеа да го сочува прволигашкиот статус на неговиот поранешен клуб. Неговиот премин го следеа многу контроверзии, а Астон Вила на градскиот ривал му плати отштета од 2 милиони фунти за неговиот ангажман.

Најнови вести