Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2012

Шкртел потпиша нов договор со Ливерпул

Словачкиот фудбалер Мартин Шкртел потпиша нов повеќегодишен договор со Ливерпул, потврди вчера клубот од „Енфилд роуд“.

Иако на крајот на минатата сезона се споменуваше дека би можело да ги напушти „црвените“, а меѓу заинтересираните клубови, наводно, биле Манчестер сити и Фиорентина, 27-годишниот одбранбен играч ќе продолжи да го носи дресот на Ливерпул. Иако од клубот не прецизираа на колку сезони потпишал договор, англиските медиуми пишуваат дека на „Енфилд роуд“ би требало да остане до 2016 година.
„Среќен сум бидејќи сум во еден од најголемите светски клубови. По завршувањето на минатата сезона се шпекулираше за мојата иднина, но морам да кажам мој приоритет цело време беше да останам во Ливерпул. Се надевам дека можам да креирам историја во овој клуб и дека навивачите секогаш ќе се сеќаваат на мене“, нагласи Шкртел, кој во Ливерпул дојде пред четири години од Зенит.

Најнови вести