Корисничко име Лозинка Пријави се
12.6.2012

Kиднапираниот фудбалер Ободо ослободен

Нигериската полиција го ослободи фудбалерот на Удинезе Кристијан Ободо, неповреден и без плаќање отпремнина, по два дена откако исчезна пред црквата во Ефурун.

„Спасен е и имаме пет осомничени“, објасни портпаролот на локалната полиција Чарлс Мука.
Полицијата во неделата вечерта ги изненади киднаперите во нивното скривалиште, а за време на рацијата е пронајдено и огнено оружје.
Ободо беше извлечен од својот автомобил „бентли континентал“ и одведен во непознат правец, а киднаперите го оставија возилото на патот и подоцна побараа 150.000 евра откуп.
Киднапирање и уцена на имотните Нигеријци или нивните семејства се честа појава во делтата на реката Нигер. Братот на Џозеф Јобо, одбранбениот играч на Евертон, е киднапиран во 2008 година и ослободен по неколку денови, додека минатата година таткото на Џон Микел Оби, играчот за врска на Челзи, исто така, беше киднапиран во градот Јосу, а потоа успешно ослободен.
Ободо е играч на Удинезе кој минатата сезона ја помина на заем во Лече. Претходно беше член на Перуџа, Фиорентина и Торино.

Најнови вести