Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2012

Пелегрино нов тренер на Валенсија

Управата на Валенсија вчера објави кратко соопштение во кое е потврдено именувањето на Маурисио Пелегрино за нов тренер на фудбалерите од „Месталја“.

Како што беше најавувано, во наредната сезона Валенсија ќе ја поведе нов тренер.
„Во текот на попладнето одборот на директори на клубот го ратификуваше договорот од минатиот петок со што Маурисио Пелегрино стана нов тренер на Валенсија. Договорот е потпишан на две сезони“, стои во официјалното соопштение на клубот.
Исто така, многу е веројатно дека досегашниот стратег Унаи Емери ќе го преземе Спартак од Москва.

Најнови вести