Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2012

Кастањос казнет со три натпревари неиграње

Дисциплинската комисија на италијанската Серија А го казни Лук Кастањос, напаѓачот на Интер, со три натпревари неиграње поради плукање на противнички фудбалер.

Интер во петокот загуби од Болоња, дома со 3-0, а Кастањос десет минути пред крајот на натпреварот го плукна во лице противничкиот играч Андреа Раџи.

Главниот судија на тој меч не го забележа тој неспортски гест на младиот холандски фудбалер, но дисциплинската комисија откако ја изгледа снимката, одлучи да го казни Кастањос, кој сега ќе ги пропушти натпреварите против Наполи, Киево и Катанија.

Интер во моментов се наоѓа на шестата позиција на табелата, а избраниците на тренерот Клаудио Раниери три кола по ред не знаат за победа.

Најнови вести