Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2012

Сисе го напушти Лацио и отиде во Квинс парк ренџерс

„Ла Газета дело спорт“ вчера објави дека францускиот фудбалер Џибрил Сисе го напушти Лацио од Рим, каде што дојде минатото лето, и ги засили редовите на англискиот Квинс парк ренџерс.

За овој трансфер се зборуваше последните денови, а истовремено римскиот клуб работеше на доведување нов напаѓач, очигледно знаејќи дека повеќе нема да смета на услугите на 30-годишниот Французин. Па така, во клубот дојде Јапонецот Кеисуке Хонда од ЦСКА Москва, иако овој трансфер сè уште официјално не е потврден.
Ниту англиската, ниту италијанската екипа немаат потврдено дека е постигнат договор, но ако сето тоа се покаже како вистинито, тогаш Сисе ќе го облече третиот дрес од некој премиерлигаш во својата кариера. Досега има играно во Ливерпул и во Сандерленд на заем.
Оваа сезона Сисе на 18 натпревари во Серија А постигна само еден погодок за Лацио.

Најнови вести