Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2012

Келн еден месец без Подолски

По саботниот тежок домашен пораз од Шалке (4-1), Столе Солбакен, тренерот на фудбалерите на Келн, вчера доби уште една лоша вест.

По средбата со Шалке, Лукаш Подолски, првата ѕвезда и најдобриот стрелец на екипата на Келн, како и трет стрелец на Бундеслигата со 15 погодоци, се пожали на болки во левото стапало.
По вчерашните детални прегледи, лекарската служба го извести тренерот дека се работи за повреда којашто германскиот репрезентативец ќе го оддалечи некое време од теренот.
„Нема да го имаме на располагање некое време, а првите процени зборуваат за три до четири седмици пауза“, изјави Солбакен.

Најнови вести