Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2017

Болница во репрезентацијата на Белгија

Вирусот на ФИФА се шири и во текот на оваа пауза, а натпреварите сè уште не се почнати.

Дури петмина фудбалери на репрезентацијата на Белгија го пропуштиле вчерашниот тренинг поради полесни повреди.
Белгијците веќе обезбедија пласман на Светското првенство 2018 година и на две кола пред крајот на квалификациите, имаат осум бодови повеќе од второпласираната Босна и Херцеговина, па селекторот Роберто Мартинес не мора да ризикува со најдобрите играчи.
Поради полесни повреди ни вчера не тренирале: Ромелу Лукаку, Кевин де Бројне, Јан Вертонген, Маруан Фелаини и Дрис Мертенс, а иако не се сериозно повредени, нивните клубови се плашат од посериозни повреди до крајот на паузата.
Бидејќи споменатите играчи се членови на Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Тотенхем и Наполи, овие клубови посебно ќе го следат развојот на ситуацијата во селекцијата на Белгија.

Најнови вести