Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2011

Сантандер го отпушти Купер

Аргентинскиот стручњак Ектор Купер веќе не е тренер на Сантандер откако раководството на шпанскиот клуб го отпушти поради катастрофалните резултати.

Сантандер оваа сезона забележа само една победа и по 13 одиграни кола се наоѓа на дното на табелата, со три бода помалку од Реал Сосиедад, првиот тим над зоната за испаѓање.
Педесет и шестгодишниот Купер, кој во 2000 и 2001 година ја предводеше Валенсија до две последователни финалиња во Лигата на шампионите, оваа сезона е втор отпуштен тренер во првенството на Шпанија, по Михаел Лаудруп, кој во септември замина од кормилото на Мајорка.
Од Сантандер потврдија дека до изборот за нов шеф на стручниот штаб екипата привремено ќе ја водат Хуан Хозе Гонзалес, Феде Кастанос и Пабло Пиниљос.

Најнови вести