Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2017

Клоп: Не знам каде ќе биде Стариџ ова лето

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека не е сосема сигурен дали Даниел Стариџ ќе се задржи на „Енфилд роуд“, додавајќи дека конечната ситуација нема да биде позната до крајот на сезоната.

Стариџ не се наигра во екипата на Клоп во Ливерпул, тој почна само пет натпревари во Премиер лигата и постигна само шест гола во сите натпреварувања. На последниот натпревар, „црвените“ против Лестер, го немаше во составот.
Поради малата минутажа, се шпекулираше дека Англичанецот ќе го напушти клубот во јануари, дури се споменуваше дека ПСЖ е заинтересиран, но Стариџ сепак остана во црвениот дрес.
„Немам поим што ќе се случува налето. И не станува збор само за Даниел, туку за многу други играчи. Стариџ нема тренирано осум или девет дена поради вирусна инфекција. Мораме да го вратиме во форма за до крајот на сезоната да бидеме најдобри што можеме. По завршувањето на сезоната, ќе видиме што ќе се случи. Многу работи ќе влијаат на конечната одлука“, изјави воздржано Клоп.
Ливерпул моментно е петти во Премиер лигата, по поразот од 3-1 од Лестер сити.

Најнови вести