22.11.2011 Анелка во јануари заминува за Кина
Како што шпекулираат француските медиуми, Никола Анелка, најверојатно, во јануари ќе премине во редовите на кинескиот клуб Шангај Шенхуа.
Наводно, триесет и двегодишниот напаѓач на Челзи се договорил со челниците
на кинескиот клуб за сума од 10,6 милиони евра по сезона.
За францускиот репрезентативец беа заинтересирани и северноамериканските
прволигаши Њујорк, Филаделфија и Монтреал, како и ПСЖ и рускиот Анжи.
Се споменуваше и можноста Анелка да заигра и за Милан, но „росонерите“ го
посакуваа на заем, што тој го одбил, според француските медиуми.