Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2011

Поради напад на судијата прекинат мечот меѓу Гранада и Мајорка

Во 63-тата минута на средбата од 13-тото коло на шпанската фудбалска лига меѓу Гранада и Мајорка еден од помошните судии од трибините е погоден со чадор.

Главниот судија веднаш ја прекина средбата при резултат од 2-1 за домаќинот. Само за пет минути Гранада му го презеде водство на гостинот, а по малку време се случи инцидентот поради кој главниот судија Клос Гомез ги испрати играчите во соблекувалната и го прекина дуелот.
Всушност, помошниот судија со крварење дотрча до главниот откако од трибините го погоди чадор во главата. Полицијата, наводно, веќе го уапсила сторителот, меѓутоа главниот судија одлучи натпреварот да не продолжи.
Инаку, гостинот водеше од 24-тата минута со голот на Виктор, а Гранада преку Сикеира во 54-тата и Мартинс во 59-тата дојде до пресврт.

Најнови вести