19.10.2016 Неславен рекорд на Акинфеев
Игор Акинфеев, голманот на ЦСКА од Москва, прими гол и на 40-тиот последователен натпревар во Лигата на шампионите.
ЦСКА синоќа го нагости Монако, московјаните поведоа по одличната соло акција на Зоран Тошиќ, но гостите успеаја да изедначат во самиот финиш на натпреварот.
Бруно Силва во 87-мата минута го измами Акинфеев, кој ниту на 40-тиот последователен натпревар не успеа да ја сочува својата мрежа во Лигата на шампионите.
ЦСКА по трите одиграни кола, има два бода, Монако со пет е лидер во групата А, Тотенхем има четири, а Баер Леверкузен три бода.