Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2016

ЛШ: Испаднаа Олимпијакос, Шахтар, Фенербахче

Вчерашните реванши од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите донесоа неколку изненадувања.

Редовните учесници во групната фаза на Лигата на шампионите Олимпијакос и Шахтар се елиминирани од израелскиот Хапоел Бер Шева и швајцарскиот Јанг бојс.
Олимпијакос по ремито во Атина без голови е поразен со минимален резултат во Израел, а на Шахтар не му беа доволни 2-0 од Лвов откако беше поразен со ист резултат во Берн, а по пеналите беше пратен во Лигата на Европа.
Во дербито на третото коло Монако со уште еден гол на Радамел Фалкао го победи Фенербахче со 3-1 и со вкупни 4-3 помина понатаму. Изненадување направи и рускиот Ростов кој со 2-0 во Брисел беше подобар од Андерлехт по ремито (2-2) на првиот меч на домашен терен. 
Ајакс се намачи во Солун но го победи ПАОК со 2-1 со пресврт, Стеауа ја исфрли Спарта Прага, Копенхаген беше убедлив против Астра, а Легија го помина словачки Тренчин благодарејќи на минималецот на гости откако во Варшава немаше голови.
Селтик со гол во 93-тата минута ја елиминираше Астана. Во Глазгов беше 1-1 до самиот финиш и се очекуваа продолженија, но во судиското продолжение Шитов направи пенал кој Муса Дембеле го претвори во триумф за Шкотите.
Поразените тимови европската сезона ќе ја продолжат во четвртото коло од квалификациите за Лигата на Европа, а ждрепката за двете натпреварувања е во петок во Нион.

Лига на шампиони, квалификации, 3. коло:
Копенхаген - Астра 3-0 (прв меч 1-1)
Стеауа - Спарта Прага 2-0 (1-1)
Хапоел Бер Шева - Олимпијакос 1-0 (0-0)
Јанг бојс - Шахтар 2-0 (0-2) 4-2
ПАОК - Ајакс 1-2 (1-1)
Салцбург - Партизани 2-0 (1-0)
Андерлехт - Ростов 0-2 (2-2)
Селтик - Астана 2-1 (1-1)
Легија - Тренчин 0-0 (1-0)
Монако - Фенербахче 3-1 (1-2)

Најнови вести