Корисничко име Лозинка Пријави се
31.10.2011

Чезена го смени тренерот Џампаоло

По девет натпревари во оваа сезона на Серија А Чезена се наоѓа на последното место без ниту една победа. Поразот од Парма вчера му пресуди на тренерот Марко Џампаоло.

Игор Кампедели, претседателот на Чезена, на интернет-страницата на клубот објави дека Марко Џампаоло не е веќе тренер на екипата.
„Бев принуден да го направам овој потег за да му дадам нова енергија и обновен ентузијазам на тимот“, кратко објави Кампедели.
Чезена по девет одиграни кола на Серија А се наоѓа цврсто закопана на дното на табелата со три бода, а особено лоша е статистиката во гости, каде што има четири порази без постигнат погодок.

Најнови вести